Фабио Канаваро повторно на клупата на Гвангжу Евергранде

Италијанскиот стратег Фабио Канаваро од денес официјално седнува на клупата на кинескиот гигант Гвангжу Евергранде, откако го напушти кормилото на Тианжин Куанжин по завршувањето на сезоната. Екс-репрезентативецот на Италија се враќа во клубот како тренер на актуелниот кинески шампион, откако доби отказ во јуни 2015 година поради лошите резултати.

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и Јувентус го превзема водството од Луис Фелипе Сколари, а токму бразилскиот стратег беше замената за Канаваро во 2015 година.

„Чест ми е што се враќам тука. Голема благодарност до раководството на клубот што ми понуди шанса да се докажам и да ги поправам грешките од минатиот пат. Имав можност подобро да се запознаам со фудбалската филозофија на овие простори, по речиси три години можам да кажам дека имам доволно искуство од кинеската Суперлига. Долгогодишниот проект на Гвангжу ми се допадна многу, тоа е главна причина за моето враќање. Сакаме да составиме тим од најдобрите кинески таленти, но при тоа да остваруваме позитивни резултати и да ги одбраниме титулите“, вели Канаваро за официјалната веб страна на клубот.

Се вчитува...