Алегри има пет пати поголема плата од Сари, Монтела го „краде“ Милан

Сезоната 2017/18 во Серија А носи многу возбудувања уште од самиот почеток. Јувентус веќе не е така доминантен, конкуренцијата од Наполи и Интер, па и од Лацио и Рома, создаде вистинска шампионска трка која со сигурност ќе има неизвесен крај. Кинеските милиони се покажаа и како добра, и како лоша инвестиција знаејќи дека едниот клуб од Милано се уште не може да постави темели во екипата, додека тимот со сино-црни дресови по неколку години пауза одново се враќа на врвот да парира на „старата дама“, а во двата случаеви „виновни“ се тренерите. Тука е и Наполи, екипата која моментално го игра најубавиот фудбал во Италија, а за тоа најголема заслуга има нивниот стратег Маурицио Сари, кој со многу трпение и напорна работа создаде голгетерска машинерија од која и Пеп Гвардиола се плаши (иако во два наврати Сити ги совлада во ЛШ).

Сепак, кога станува збор за годишната заработка на тренерите, има голема неправда, бидејќи Винчензо Монтела заработува три милиони евра годишно во Милан, тимот кој по една третина од првенството е на седмата позиција на табелата, додека на сметката на Сари ќе легнат „ситни“ 1.4 милиони евра по крајот на шампионатот. Лучијано Спалети засега ги оправдува средствата, четири милиони годишно за да му обезбеди на Интер пласман во Лигата на шампиони за следната сезона, но и Скудетото им е на дофат ако продолжат со позитивните резултати.

Максимилијано Алегри убедливо е најплатениот стратег во Серија А, со седум милиони годишно во својот „џеб“. Трите Скудета во низа заедно со три купови, како и две финалиња во ЛШ во три сезони се успех кој челниците на Јуве знаат да го наградат. Од предводникот на Рома, Еузебио Ди Франческо се очекува повеќе, но, годишната плата од два милиони евра како да му врши притисок на екс-тренерот на Сасуоло, па се чини дека „волчицата“ е преголем залак за него. Во другиот дел од Рим, Лацио засега успева да се наметне на гигантите, па доколку продолжат во овој ритам, платата од 1.3 милиони евра на Симоне Инзаги ќе изгледа смешна во однос на другите тренери.

Годишна заработка на тренерите во Серија А:

Масимилијано Алегри, Јувентус – 7 милиони евра

Лучијано Спалети, Интер – 4 милиони евра

Вичнезо Монтела, Милан – 3 милиони евра

Еузебио Ди Франческо, Рома – 2 милиони евра

Синиша Михајловиќ, Торино – 1.5 милиони евра

Маурицио Сари, Наполи – 1.4 милиони евра

Симоне Инзаги, Лацио – 1.3 милиони евра

Џанпјеро Гасперини, Аталанта – 1.3 милиони евра

Роберто Донадони, Болоња – 1.2 милиони евра

Стефано Пиоли, Фиорентина – 1.1 милиони евра

Марко Џампаоло, Сампдорија – 1.1 милиони евра

Давиде Балардини, Џенова – 700.000 евра

Роландо Маран, Киево – 600.000 евра

Давиде Никола, Кротоне – 500.000 евра

Луис Диего Лопез, Калјари – 500.000 евра

Луиџи Дел Нери, Удинезе – 450.000 евра

Роберто Де Зерби, Беневенто – 400.000 евра

Кристијан Бучи, Сасуоло – 400.000 евра

Леонардо Симпеличи, СПАЛ – 400.000 евра

Фабио Пекија, Хелас Верона – 250.000 евра

    

Се вчитува...