Леонардо Бонучи е оптимистички расположен во пресрет на петочниот прв дуел од баражот за СП против Шведска, откако искусниот дефанзивец гласно порача дека мундијал без Италија не е опција за него и неговите репрезентативни колеги. Последен пат „аѕурите“ не биле дел од еден мундијал во 1958 година, а Бонучи делува решено да не озволи нова сензација.
„Не се залажуваме, знаеме колку ќе биде тешко против Шведска, тоа е селекција што веќе ја елиминираше Холандија. Сепак, ние сме Италија, мундијал без нас не е опција. Историјата покажала дека секогаш сме играле најдобро кога било најважно, очекувам тоа да го сториме и на овие два натпревари со Шведска. Нашата сила е што секогаш сме обединети, затоа и сум убеден дека и овојпат ќе одговориме на предизвикот“ – истакна Бонучи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА