Капитенот на Аргентина, Лионел Меси, за аргентинската телевизија „ТиК Спортс“ ги отфрли сите шпекулации како лажни, за наводите дека тој одлучува кои играчи треба да бидат во стартниот состав на репрезентацијата. Меси исто така истакна дека најмалку се прашува тој во времињата кога треба да се назначи нов селектор на Аргентина.
„Сето тоа е лага, сите шпекулации се апсурдни. Мислам дека е немање почит кон мене, а уште повеќе кон играчите кои се споменуваат дека играле во националниот состав поради мене. Маскерано, Ди Марија и Билја сосема заслужено се во тимот, тоа го покажаа со своите настапи низ годините наназад, играјќи за големи клубови во Европа. Кога доаѓам да играм за Аргентина јас сум само уште еден фудбалер, немам посебни третмани. Се трудам да дадам се од себе и да придонесам во позитивните резултати на мојата репрезентација“, вели Меси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА