Екипата на Охрид доживеа нов пораз во втората лига на АБА, откако во салата „Билјанини извори“ гостинскиот состав на Рогашка славеше со високи 78-56 (20-13, 17-22, 20-13, 21-8). За охриѓани ова е петти пораз на исто толку натпревари во второто по ранг јадранско првенство, иако во првото полувреме имаа надеж за позитивен резултат. Словенечката екипа пак, ја забележа втората победа по пет кола, но со трите порази останува во долните дел од табелата.
Домаќините се најдоа во двофицрена негатива уште на стартот од средбата(20-10), но серија од 17-4 која почна од првиот период ја продолжија во втората четвртина, па во завршните четири минути Охрид за прв пат водеше на мечот, но и тоа водство го загубија пред паузата, па резултатот по 20 минути игра гласеше 37-35 во корист на Рогашка. Уште на почетокот од второто полувреме Охрид одново мораше да брка двоцифрена негатива, сепак словенечкиот вицешампион не дозволи ново изненадување, па до крајот на средбата само ја зголемуваа разликата, за конечен исход од 78-56.
Кај Охриѓани најефикасен кошаркар на паркетот беше новото засилување Емир Зимиќ кој имаше дабл-дабл ефект со 15 поени и 12 скока, додека Станислав Цонков додаде 10 поени. Рашун Дејвис го предводеше тимот на Рогашка со 32 поени, додека Леон Шантељ и Митја Николиќ завршија со по 16 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА