Напаѓачкото трио на Лион, Фекир – Маријано – Депај, е класичен пример дека милионските вложувања во фудбалот не се секогаш пресудни. Тие тројца мометно се најефикасното голгетерско трио во Европа, подобри и од нападот на ПСЖ, Нејмар – Кавани – Мбапе.
Речиси една третина од првенствените натпревари се одиграни во топ 5 лигите во Европа, а според статистиката тројцата голгетери на Лион се „виновни“ за 81.25% од головите, заедно имаат 26.
Нејмар, Кавани и Мбапе заедно комбинираат 24 погодоци, додека тројката на Манчестер сити, Жесус – Агуеро – Стерлинг досега постигнаа 22 гола. Од италијанското првенство трио кое се истакнува со повеќе од 20 гола се напаѓачите на Јувентус, Игуаин – Дибала – Квадрадо, кои заедно имаат 21 погодок. На големо изненадување е напаѓачката тројка на Валенсија, Заза – Родриго – Мина заедно имаат 20 погодоци.
Лион: 26 гола
Набил Фекир – 11
Маријано Диаз – 9
Мемфис Депај – 6
ПСЖ: 24 гола
Единсон Кавани – 13
Нејмар жуниор – 7
Килијан Мбапе – 4
Манчестер сити: 22 гола
Серхио Агуеро – 8
Габриел Жесус – 7
Рахим Стерлинг – 7
Јувентус: 21 гол
Паоло Дибала – 11
Гонзало Игуаин – 7
Хуан Квадрадо – 7
Валенсија: 20 гола
Симоне Заза – 9
Родриго Морено – 7
Санти Мина – 4
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА