Српскиот кошаркар Никола Јокиќ ги воодушеви навивачите на Денвер со партијата на кариерата во која постигнувајќи 41 поен беше најзаслужниот за триумфот од 112-104 против Бруклин.
За 31 минута на паркетот, Јокиќ запиша 41 поен, рекорд во кариерата, дополнети и со 12 скока, 5 асистенции и две блокади.
Сето тоа за воодушевување на домашните навивачи кои за време на натпреварот со овации и скандирање „МВП, МВП…“ го испраќаа секој негов потег. Но, Јокиќ смета дека не треба да се размислува на таков начин за неговата игра…
„Тоа беше смешно, навистина. Не го заслужувам тоа. Но, добро е да ги имате навивачите на своја страна. Тие секогаш за нас се шестти играч“ – рече по мечот Јокиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА