Кошаркарите на Кливленд славеа против Милвоки со 124-119 во синоќешниот дуел од НБА лигата,
Кливленд одлично го почна мечот, но Милвоки во вториот период се врати во игра и го презеде водството, за да сепак во финишот Кевин Лав и Леброн Џејмс преземат се во свои раце за конечна победа.
Кевин Лав мечот го заврши со 32 поени и 16 скока, додека Леброн постигна 30 поени, дополнети и со осум скока и девет асистенции. Кај Милвоки најефикасен беше Јанис Антетокуомпо со дури 40 поени, а Мирза Телетовиќ за 16 минути на паркетот постигна исто толку поени.
Сакраменто ја прекина серијата од седум врзани порази и победи во дуелот со Оклахома со 94-86. Кингси до победата дојдоа со пресврт, во уште една солидна партија на Богдан Богдановиќ. Најефикасен во победничкиот тим беше Бади Хилд со 21 поен, а Рендолф дополни со 18 поени.
Кај Оклахома повторно затаи ударната тројка, Вестбрук-Ентони-Џорџ, а која во Сакраменто погоди само 15 шута од вкупно 58. Расел заврши со 20 поени, 12 скока и 6 асистенции, а Ентони имаше 16 поени.
Њујорк никс славеше на домашен терен против Шарлот со 118-113, за трета победа во низа, а вкупно шестта сезонава. За Шарлот, пак, ова беше трет врзан пораз во низа.
Домашните до победата ги водеше одличниот Летонец, Кристос Порзингис со 28 поени, додека Мекдермот заврши со 20 поени.
Од останатите синоќешни резултати, Њу Орлеанс победи со Индијана со 117-112, Далас беше подобар кај Вашингтон со 113-99, а Торонто од Чикаго со 119-114.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА