Роџер Федерер веќе пристигна во Велика Британија во пресрет на АТП-шампионатот, откако вечерва швајцарскиот ас во Глазгов одигра хуманитарен меч против шкотскиот миленик Енди Мареј.
Федерер славеше со конечни 6-3, 3-6, 10-6, а навивачите најмногу уживаа во завршницата, кога двајцата тениски асови приредија шоу на теренот, Швајцарецот облекувајќи килт во кој одигра и неколку поени, додека Мареј облече традиционална шкотска капа, „освежена со перика“.
Сите приходи од овој спектакл одат во хуманитарни цели, за Мареј ова беше прв меч по проблемите со колкот поради кои паузира подолго време, додека Федерер имаше можност да ужива пред претстојниот атак на трофејот на АТП-шампионатот во Лондон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА