Македонската репрезентација попладнево ги почна подготовките за пријателскиот натпревар со Норвешка кој не очекува в сабота (11. ноември) на националната арена „Филип Втори“ во Скопје.
Па, како по обичај, и првиот тренинг во новиот собир мина со вообичаените „среќни честитки“ за успесите или новините кај дел од репрезентативците… По една клоца и по некоја „заушка“ денеска добија дел од репрезентативците за среќно и со Норвешка!
Во секој случај, во крајно ведра атмосфера одработен тренингот и покрај неколкуте откажувања поради повреди. Како што е познато, од првичниот објавениот список, селекторот Игор Ангеловски нема да може да смета на Илија Несторовски, Висар Муслиу, Љупчо Дориев, Никола Ѓоргев…, и најверојатно и на Кире Ристевски и Аријан Адеми… Но, и сето тоа не значи, дека се намалени амбициите со триумф против Норвежаните да се заврши годината!
[new_royalslider id=”836″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА