Црвена звезда со импресивна игра постигна 100 поени и го декласираше Партизан во првото вечно дерби за оваа сезона, а Перо Антиќ по мечот не го криеше задоволството од остварениот триумф.
„Знаеме дека дерби дуелите се специфични и дека секој од нас мора да даде повеќе од она што се бара од нас на тренинзите и со скаутингот. Игравме одлично, погодивме отворени шутеви на стартот и добивме на самодоверба, па така продолживме до самиот крај. Сепак, треба да поработиме на одбраната, примивме премногу поени ако се знае дека сме евролигашка екипа“ – изјави Антиќ.
На трибините во салата во Белград беше забележан и екс-фудбалерот на Баерн Минхен, Бастијан Швајнштајгер, сопруг на српската тенисерка Ана ИВановиќ.
„Швајнштајгер навивал за Партизан? Кој е тој? – во свој стил прокоментира македонскиот ас, па продолжи: „Се шегувам, секако дека знам кој е Швајнштајгер, иако не следам многу фудбал“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА