Навивачите славеа титула, Ибрахимовиќ го украде шоуто во Малме (Видео)

Екипата на Малме и покрај позарот на домашен терен од Хакен во Првата лига, вчера ја прослави 23. титула како шампион на Шведска. Полниот стадион „Сведбанк“ во Малме во исчекување на доделувањето на пехарот, беше изненаден откако на теренот се појави екс-напаѓачот на шведскиот состав, Златан Ибрахимовиќ со трофејот во своите раце.

Наместо пехарот да биде доделен од претседателот на шведската федерација, Карл Ерик Нилсон, тој го отстапи местото на клупската икона Ибрахимовиќ, кој го додели трофејот на капитенот на екипата, Маркус Росенберг.

https://www.youtube.com/watch?v=fjYVTqtp0ps

Се вчитува...