Давиде Балардини по трет пат ќе застане на кормилото на Џенова, откако Иван Јуриќ доби отказ по поразот во градското дерби од Сампдорија овој викенд.
Екс-тренерот на Палермо беше фаворит за превземање на калчолигашот во кој игра и капитенот на нашата репрезентација, Горан Пандев, а клубот денес ја потврди конечната одлука.
„Раководстовото на Џенова по трет пат го назначи Давиде Балардини за нов тренер на првиот тим. Му посакуваме успешна работа“, пишува во соопштението на Џенова.
Балардини претходно ја предводеше екипата во сезоната 2010/2011, како и 2013 година, а сега ќе има задача да ја спаси Џенова од евентуална елиминација од првата лига, бидејќи по 12 кола во Серија А, се наоѓаат на 17. место со шест освоени бодa.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА