Барселона има нов конкурент за потписот на Кутињо: Јувентус атакува со „луди“ 175 милиони евра

Италијанскиот првак Јувентус е подготвен да конкурира на Барселона и ПСЖ за потписот на ѕвездата на Ливерпул, Филипе Кутињо. Шпанскиот медиум „Дон балон“ шпекулира дека Јуве ќе издвои неверојатни 175 милиони евра, што изнесува повеќе од понудата (130 милиони евра) која Ливерпул ја одби од каталонскиот гигант во летниот преоден рок.

25-годишниот репрезентативец на Бразил нема откупна клаузула, што е голем проблем за Барса, иако имаат финансиска моќ да се „борат“ со најтрофејниот италијански клуб, додека рамномерна понуда од Париз е малку очекуван потег, откако со рекордниот трасфер на Нејмар „светците“ се во проблеми со финансискиот фер-плеј. Последниот збор за услугите на Кутињо (доколку воопшто се одлучат да го продадат) го има тимот од „Енфилд“.

Наводно раководството на Јувентус ќе чека дури до следното лето за да испрати официјална понуда, знаејќи дека Кутињо нема да биде достапен за нокаут фазата во Лигата на шампиони при евентуален трансфер зимскиот преоден рок.

    

Се вчитува...