Сите дресови на „Адидас“ за мундијалот во Русија (ФОТО)

Германскиот бренд за спортска опрема „Адидас“, ги претстави дресовите на осумте „нивни“ репрезентации кои обезбедија пласман на Светското првенсво во Русија 2018 година. Дизајнерите инспирирани од поранешни униформи ги усогласија иновациите на 21. век со ретро дизајн.

Германија 

Актуелниот светски првак, репрезентацијата на Германија го враќа најпретпознатливиот стил од 1990 година, кога на мундијалот во Италија под името Западна Германија по трет пат го освоија најпрестижниот трофеј во светот.

Screen-Shot-2017-11-06-at-11.34.54

Русија

Новиот дизајн на домаќинот Русија е инспириран од дресот на Советскиот сојуз кој го носеше на Олимписките Игри во 1988 година во Селу, Јужна Кореја, со кој го освои златниот медал.

Screen-Shot-2017-11-06-at-11.37.35

Аргентина

Дресот на Аргентина е во чест на 125. годишнината од формирањето на нивната фудбалската федерација, па изгледот е класичен, бел со светло сини вертикални линии.

Screen-Shot-2017-11-06-at-11.26.53

Шпанија

Шпанија со ретро дизајнот се навраќа 24 години наназад, кога репрезентацијата го носеше еден од најпознатите дресови на СП 1994 година во САД.

Screen-Shot-2017-11-06-at-11.39.28

Колумбија

Новата униформа на националниот тим на Колумбија потсетува на дресот кој го носеа на СП 1994 во Италија, каде по првата нокаут фаза Колумбија беше елиминирана од Камерун по продолженијата.

Screen-Shot-2017-11-06-at-11.27.39

Мексико

Инспирацијaта за дресот е од раните 90′ години на минатиот век, домашниот дрес на Мексико перфетно ја отсликува транзицијата од стадионот кон улиците на земјата.

Screen-Shot-2017-11-06-at-11.43.14

Белгија

Screen-Shot-2017-11-06-at-11.45.08

Јапонија

Screen-Shot-2017-11-06-at-11.28.00

Се вчитува...