Грег Попович го прескокна Фил Џексон, сега е број 6 во историјата на НБА

Триумфот над Феникс санс за кошаркарскиот „мозок“ Грег Попович беше 1.156 победа во неговата кариера како предводник на Сан Антонио спарс, и го надмина најтрофејниот тренер во историјата на НБА по бројот на победи, Фил Џексон.

Поповиќ сега е шести најдобар тренер по бројот на победи, а пред него се Џорџ Карл (1.175), Пет Рајли (1.210), Џери Слоун (1.221), Лени Вилкенс (1.332) и Дон Нелсон (1.335 победи). Иронично, екс-тренерот на Далас, Њујорк, Голден стејт и Милвоски, Дон Нелсон и покрај тоа што има најмногу победи е без шампионски прстен.

Попович досега го предводеше тимот на Сан Антонио на 1.666 натпревари (1.156 победи и 510  порази) бележи 69% успешност и просек од над 50 победи по сезона во регуларниот дел.

Стратегот со српско потекло во пет наврати ја освојуваше шампионската титула со франшизата од Тексас, во 1999, 2003, 2005, 2007 и 2014 година. За најдобар тренер беше избран во 2003, 2012 и 2014 година.

gregg-popovich-wins-list-768x432

Се вчитува...