Маруан Фелаини причината за честите повреди во последните неколку години ја лоцираше во слабиот квалитет на копачките што ги носеше, па реши да покрене тужба против компанијата „Њу Баланс“ бидејќи со своите продукти им нанеле „значителна штета на неговите нозе“.
Белгиецот имаше уште една година од договорот со „Њу Баланс“ со кој ќе заработеше 650.000 евра, но самиот реши да го поништи и од стартот на сезонава може да се забележи во копачки на „Најк“.
Сепак, Фелаини е решен да ја продолжи „војната“ со „Њу Баланс“, па во судот во Лондон веќе поднел и тужба против оваа компанија, од која бара отштета од 2,3 милиони евра. Самата компанија на првото рочиште ги отфрлила обвинувањата од белгискиот фудбалер, како доказ поднесувајќи документи во кои тој тврди дека новите копачки се перфектни, нарачувајќи нови 12 пара.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА