Кризата во МЗТ Скопје од натпревар во натпревар е се подлабока, а добриот финиш на последната четвртина со Мега Бемакс само би ги затскрил сите оние проблеми со кои македонскиот првак се соочува од самиот старт на сезоната, не само во АБА-лигата, туку и во домашното првенство.
Со мизерна одбрана не може да се добиваат натпревари, бидејќи шутерски ден како против Партизан или Игокеа се случува еднаш до два пати месечно – се останато е осудено на неуспех. Го знаат тоа и навивачите, па дел од нив разочарано си заминаа од СЦ „Јане Сандански“ уште на полувремето од вечерашниот натпревар, не можејќи повеќе да ги гледаат „гревовите“ на нивните миленици на теренот.
Аеродромци знаат што е врвна кошарка, а МЗТ Скопје не само што е предалеку од такво нешто, туку полека, но сигурно станува тим за потсмев во АБА. Оваа сезона требаше да биде поразлична од претходните, но ете – се повторуваат старите „детски болести“ што македонскиот првак никако не успева да си ги излечи.
[new_royalslider id=”834″]
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА