Очајното прво полувреме беше причина за најновиот домашен пораз на МЗТ Скопје, па јасно е дека тренерот Александар Тодоров има сериозни причини за загриженост, откако неговиот тим остана закован на последното место на табелата во АБА-лигата.
„Уште еднаш покажавме дека не може да играме 30 минути млака кошарка, а потоа да се обидеме за десет минути да стигаме, како што беше случај и на неколку средби во домашното првенство. Загубивме од директен конкурент за опстанок, но самите се доведовме во оваа ситуација и самите ќе се извлечеме. Можам да бидам задоволен само од оние први пет минути во четвртата четвртина, јасно е дека ни претстои многу работа“ – изјави Тодоров на прес-конференцијата по најновиот пораз на МЗТ Скопје во АБА-лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА