Филип Талески со Рајн Некар Левен славеше гостинска победа на гостувањето во унгарија против ПИК Сегед со 31-34, во натпреварот од 6.коло во групата А од Лигата на шампионите. За германскиот првак ова е четврта победа по која има бод помалку и останува во борба со Вардар на водечката позиција во групата.
„Лавовите“ ја оправдаа улогата на фаворити во овој дуел и во текот на целиот натпревар беа во позитива, достигнувајќи и највисоки девет гола разлика во второто полувреме (24-33).
Филип Талески имаше свој придонес во триумфот на германскиот тим и ја оправда довербата од тренерот Николај Јакобсен. Македонскиот бек постигна два гола од пет обиди, а одигра солидно и во одбраната. Најефикасен во составот на Рајн Некар Левен беше Енди Шмит со 10 гола. Кај ПИК Сегед по пет гола постигнаа Ричард Бодо и Дмитри Житников.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА