Сок стави крај на бајката на Крајиновиќ во Париз

Џек Сок е изненадувачкиот победник на Мастерс-турнирот во Париз, откако американскиот тенисер во големото финале го совлада Филип Крајиновиќ, ставајќи крај на бајката на младиот Србин во „градот на светлината“ откако тој како квалификант стигна до финалето, но на крајот не успеа да се закити со трофејот.

Во израмнетиот првиот сет Крајиновиќ имаше повеќе нерви во завршницата и го доби со 7-5, но Сок возврати со 6-4 во вториот, изборувајќи се за трет и решавачки сет. По почетните 1-1 дојде до голема криза во играта на српскиот тенисер, Американецот ги освои наредните пет гејма и стигна до првата мастерс-титула во кариерата.

Титулата има уште поголемо значење ако се знае дека со неа Сок за првпат влезе меѓу најдобрите десет тенисери на АТП-листтата, воедно и си обезбеди учество на претстојниот АТП шампионат во Лондон.

Се вчитува...