Ова е натпревар од третата шпанска лига. Се случи нешто неверојатно, судијата отсуди крај на мечот, непосредно пред напаѓачот на Понферадина да постигне погодок. Тој ја доби топката во противничкиот шеснаесетник, и пред да шутира, судијата означи крај на натпреварот.
Ги спаси домаќините, тимот на Гимнастик Сеговијана, а дуелот заврши без голови. Секако, по ова имаше бурни реакции од противничките фудбалери…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА