Голден стејт славеше против Денвер со 108-127 во еден од четирите синоќешните мечеви во НБА лигата.
Најдобар кај „воините“ беше Кевин Дурант со 25 поени и по 7 скока и асистенции, а го следеа Стеф Кари со 22 поени и 11 асистенции, како и Дрејмонд Грин со 15 поени, 7 скока и 8 асистенции.
Сакраменто загуби од Детроит со 108-99, во меч во кој најдобар кај победниците беше Андре Драмонд со „дабл-дабл“ ефект од 16 поени и 19 скока, додека најефикасен беше Ејвори Бредли со 24 поени.
Во тимот на Сакраменто Зек Рендолфс постигна 19 поени, додека српскиот репрезентативец Богдановиќ мечот го заврши со 14 поени, и по еден скок и асистенција.
Минесота предводена од неверојатниот Карл-Ентони Таунс кој имаше „дабл-дабл“ од 31 поен и 12 скока го победи Далас со 112-99. Вигинс во победничкиот тим заврши со 23 поени.
Њу Орлеанс славеше, по продолжение, против Чикаго со 96-90. Во победничкиот тим двајца кошаркари имаа „дабл-дабл“ ефект, Ентони Дејвис со 27 поени и 16 скока, додека Демаркус Казинс постигна 25 поени, дополнети со 11 скока.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА