Вардар уште еднаш ја потврди улогата на фаворит во дуелот со Кристијанштад и се враќаат со полн плен од гостувањето во Шведска (23-26) во натпреварот од 6.коло во Лигата на шампионите. Тренерот на „црвено-црните“, Раул Гонзалес како клучни за триумфот ги издвои играта во одбраната и сигурниот Арпад Штербик на голот.
„Нашата одбрана и Штербик беа перфектни кога беше најпотребно. Одигравме според замислите, добро бевме подготвени за овој дуел и успеавме да го спречиме нивното најсилно оружје – контрите и полуконтрите. На почетокот на игравме како што посакувавме, но по тајм-аутот се вративме во натпреварот, го презедовме водството и не дозволивме победата да биде загрозена“ – изјави тренерот Раул Гонзалес по триумфот во Кристијанштад.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА