Лидерот на табелата во францускиот шампионат, тимот на Пари Сен Жермен денеска (17 часот) му гостува на Анжер, а тренерот Унаи Емери нема да може да смета на четири свои ѕвезди. Бразилецот Нејмар и неговиот сонародник Тијаго Силва се повредени, а Маркињос и Ди Марија се ослободени поради приватни обврски, затоа што очекуваат принови во своите семејства. Но, и без овие асови во тимот, Емери очекува триумф на денешниот дуел.
„Сакаме да ги освоиме трите бода на овој натпревар и максимално се посветени на тоа. Имаме неколку отсуства, но оние фудбалери што ќе добијат шанса очекувам да ги исполнат задачите. Анжер е тим што игра добро на домашен терен, но ПСЖ посакува триумф и ќе сториме за тоа да го оствариме“, изјави тренерот на ПСЖ, Унаи Емери.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА