Барселона го „растури“ Олимпијакос во завршницата

Екипата на Барселона конечно ја прекина серијата од пет порази во низа во сите натпреварувања со победа над Олимпијакос со резултат од 73-51. Избраниците на Сито Алонсо им го нанесоа првиот пораз на Грците во оваа сезона во Евролигата.

Во непрепознатливо светло беа и двете екипи, до поени стигнуваа многу тешко, па на паузата заминаа со резултат од 32-26 во корист на домашниот состав. Барселона имаше минимална контрола во текот на целото прво полувреме, а во остатокот од средбата за прв пат успеаја резултатски да се оддалечат Олимпијакос, откако во средината на третиот период имаа двоцифрена предност. Каталонците го скршија отпорот на Олимпијакос во последните 10 минути, па за брзо време се најдоа во предност од 19 поени, а потоа го однесоа мечот кон мирен крај со конечни 73-51.

Меѓу кошаркарите на Барселона најрасположени беа Пјер Ориола и Кевин Серафан кои поделија по 13, односно 11 поени, додека во составот на Олимпијакос Јоанис Папапетру беше едниствениот играч со двоцифрен број на поени, постигна 11.

Се вчитува...