Пикерот на Монпелје и на француската репрезенатција, Лудовик Фабрегас, во наредните три месеци ќе биде надвор од теренот. На 21-годишниот француски пикер дијагностицирана му е венска тромбоза на горниот дел од раката поради што ќе мора три месеци да мирува.
Тоа ќе биде голем хендикеп за француската репрезентација бидејќи селекторот Дидие Динар не ќе може да смета на Фабрегас за настапот на ЕП во Хрватска во јануари. Младиот пикер на Монпелје беше еден од најдобрите играчи на Светското првенство во Франција.
Отуството на Фабрегас значително го ослабува и Монпелје кој има улогата на прв фаворит во Групата Д од Лигата на шампионите во која е и Металург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА