Претседателот на Ферари, Серџо Маркионе, се закани дека тимот може да ја напушти Формула 1, ако најавените промени во шампионатот од 2020 година бидат на нивна штета. Новите сопственици на Ф1, „Либерти Медиа“ сакаат да внесат поголема неизвесност во шампионатот, поставувајќи финансиски граници за тимовите, да го напарават моторот поедноставен, пиевтин и многу погласен.
„Либерти медиа“ имаат добри намери со тоа што ќе стават ограничување на трошоците во тимовите. Сепак, има и голем број работи за кои сметаме дека не се неопходни и со кои не се согласуваме. Во спортот во 2021 година ќе влезат некои нови нешта и ние треба да преземем одредени мерки за нашата иднина. Разбирам дека новите сопственици го имаат тоа предвид, но сакам да бидам апсолутно јасен – ако околностите не се во наша корист, тоа ќе се одрази на резултатите на нашиот бренд и на нашето место на пазарот кое сега е на уникатно ниво. Ферари нема да ја игра таа игра под тие околности. Тоа ќе има големи последици врз структурата на Ферари, но сигурен сум дека ќе имаме доволно алтернативи. Не сакам да коментирам подетално, ќе видиме како ќе се развиваат работите“ – изјави Маркионе.
Ферари е еден од симболите на Ф1, во шампионатот се континуирано од 1950 година и имаат освоено 15 титули во конкуренција на возачи, 16 кај конструкторите, имаат забележано 227 победи. Сепак, по разговорите меѓу шефовите на Ф1 на почетокот на неделава, Маркионе изјави дека плановите на тимот може да тргнат и во друг правец.
На прашањето како ќе се чувствува како претседател на Ферари кој ставил крај на историјата на овој тим во Формула 1, Маркионе одговори:
„Ќе мислам на милионите долари кои ќе ги вложам многу порационално во алтернативни проекти. Она што знам е дека Формула 1 е дел од нашата ДНК уште од раѓањето, но ако станува непроепознатлив кон минатото, јас не сакам да учествувам во еден НАСКАР на глобално ниво“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА