Надал се повлече од Мастерс 1000 во Париз

Само неколку часа пред четврфиналниот меч со српскиот тенисер Филип Крајиновиќ, Рафаел Надал се повчекува од Мастерс 1000 турнирот во Париз поради повреда на коленото.

„Знаејќи каква ми е состојбата денес, не можам да одиграм уште три натпревари. Се советував и со мојот тим, најдобро за мене е да го откажам денешниот дуел, невозможно е да играм во вакви услови. За финалниот турнир во Лондон се уште не можам ништо да кажам“, изјави Надал на денешната прес конференција.

Светскиот рекет број 1. имаше проблеми со десното колено на вчерашнуот дуел со Пабло Кевас, па по совет од својот медицински тим решил да се откаже од турнирот, и фокусот да го насочи кон целосна подготовка за АТП финалињата, кое почнува на 12. ноември во Лондон.

  

Се вчитува...