Интер официјално ја продолжи соработката со нивниот напаѓач, Едер Мартинс до 2021 година. Италијанскиот репрезентативец ќе го носи дресот на “нероаѕурите“ и во наредните четири сезони.
Бразилецот со италијански пасош пристигна во клубот пред почетокот од минатата сезона како позајмен играч од Сампдорија, a во зимскиот преоден рок Интер го откупи договорот на напаѓачот за сума од 12 милиони евра. Едер првиот пат потпиша договор до 2020 година, а сега го осигурува неговото место во тимот со една година плус, како и поголема сума на плата.
Неговото присуство на теренот оваа сезона е минимално. Под водство на Спалети, Едер не добива многу шанса за игра, досега забележа вкупно 93 минути од осум натпревари на кои влегувал од клупа, со само една асистенција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА