„Кралот“ во друштво со „боговите“ – Леброн Џејмс во „клубот 400“

Капитенот на Кливленд кавалирс, Леброн Џејмс ноќеска на мечот против Индијана влезе во екслузивен клуб на кошаркари со уникатен учинок. За трикратниот НБА шампион ова беше 400. натпревар во неговата кариера на кој постигнал барем 30 поени, и се приклучи на легендарните Коби Брајант, Мајкл Џордан, Карл Мелоун и Карим Абдул Џабар.

Во поразот од Индијана пејсерс на свој терен, Џејмс забележа дабл-дабл учинок со 33 поении и 11 асистенции, надополни со шест скока и две украдени топки. Забележувањето на историскиот рекорд ќе беше поубав доколку „кавалерите“ издвоеја победа, но петтиот пораз за Кливленд на стартот од сезоната никако не е причина за славје во домот на Леброн.

https://www.youtube.com/watch?v=3p_F2eeiM1s

Се вчитува...