Аргентинскиот фудбалер, Серхио Агуеро, на гостувањето во Неапол го постигна 178.гол за Манчестер сити и стана најдобар стрелец во историјата на клубот кој постои 137 години.
На првото место на вечната листа, Агуеро го престигна досегашниот рекордер, Ерик Брук, а зад него се уште Томи Џонсон, Колин Бел, Џо Хејз, Били Мередит, Френсис Ли, Томи Брауел, Били Гилеспи и Фред Тилсон.
Агуеро во Манчестер сити дојде во 2011 година од Атлетико Мадрид и досега има одиграно 264 натпревари на кои ги постигна рекордните 178 гола.
Неговиот погодок беше решавачки на дуелот со Наполи кога од контранапад му донесе водство на Манчестер сити од 3-2, во вкупната победа од 4-2 со која „граѓаните“ обезбедија место во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА