Владе Дивац во улога на генерален менаџер на Сакраменто кингс, настојува во тимот да го донесе и Хрватот Марио Хезоња. Откако Орландо објави дека нема да го продолжи договорот со Хезоња за наредната сезона, Дивац реагираше со трејд-понуда за хрватскиот репрезентативец, но засега нема конкретен договор меѓу Сакраменто и Орландо.
Според американските медиуми, Дивац во замена за Хезоња на Орландо му ги понудил Малаки Ричардсон и отстапување на пикот од втората рунда на следниот „драфт“, но двете страни не усеале да се договорат.
Марио Хезоња се очекуваше многу во најсилната кошаркарска лига во светот, бидејќи Хрватот во 2015 година беше биран како петти пик на драфтот во НБА. Првата сезона ја одигра солидно со просек од 6,1 поен и 2,2 скока по натпрењвар, но наместо да напредува, лани неговата статистика падна на 4,9 поени и 2,2 скока. Слични бројки има и на почетокот од оваа сеозна, а на тоа дојде и одлуката на Орландо да не го продолжи договроот со Хезоња за следната сеозна, па Хрватот од следното лето ќе биде слободен играч. Но Дивац е решен да го земе во Сакраменто, па не е исклучена можноста од следната сезона покрај Богдан Богдановиќ во составот на „кралевите“ да има уште еден играч од балканските простори.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА