Англискиот премиерлигаш Арсенал е во потрага по нов чувар на мрежата, кој долготрајно би го заменил ветеранот Петр Чех меѓу диреците. Менаџерот Арсен Венгер идеалното решение го гледа на „Камп Ноу“, во германскиот интернационалец Марк-Андре тер Штеген.
Тој е прв избор на тренерот Ернесто Валверде во редовите на Барселона, а неговата отштетна клаузула изнесува фантастични 180 милиони евра. Тоа е секако премногу висока цена за да се купи нов голман, но Венгер се надева дека би можел да стигне до потписот на Германецот, со оглед дека Премиер – лигата е предизвик за секој играч, па дури и доколку е член на Барселона.
Тер Штеген во 2014 година дојде на „Камп Ноу“ од Борусија Менхенгладбах за сума од 12 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА