„Старата дама“ го слави 120. роденден (Видео)

Најтрофејниот италијански клуб Јувентус, денес слави 120 години од своето основање.  На 1. ноември 1897 година, студенти од гимназијата „Масимо д’Азелио“ во Торино, за прв пат одиграа фудбалски натпревар под името Јувентус, но во оригиналните розево-црни дресови. Оригиналната боја на зебра, односно црно-белата ја добија шест години подоцна, откако нивниот фудбалер Том Гордон Савеџ ги ископирал боите на неговиот клуб од родното место, Нотс Каунти.

Првото Скудето го освоија во 1905 година, но за понатамошен успех клубот чекал цели 21 годин1, пред сопственикот на компанијата „Фиат“, Едоардо Ањели да го откупи Јувентус во 1923 година. По водство на нивниот прв професионален тренер, унгарскиот стратег Јено Кароли, Јувентус во 1926 година ја освои втората титула во италијанскиот шампионат.

Од триесетите години на 20. век започнува доминацијата на „старата дама“ во Италија, успешни кампањи имаат и пред, и по завршувањето на Втората светска војна. Во 1961 година станаа првиот клуб во Италија кој има освоено 10 титули во домашното првенство, а првиот успех на европската сцена го направија во 1977 година, освојувајќи го УЕФА купот, додека во 1985 година стигна и првиот трофеј во Лигата на шампиони, голот на Мишел Платини против Ливерпул го искачи Јувентус на самиот врв во Европа.

Juventus_FC_-_Champions_League_1995-96

Доаѓањето на Марчело Липи кон средината на 90. години, значеше нова доминација на Јуве во Италија, а во сезоната 1995/1996 предводени од легендите Алесандро Дел Пиеро, Антонио Конте, Џанлука Виали, Чиро Ферара ја донеа втората европска круна, со триумф над Ајакс.

21. век започна добро за Јувентус кога станува збор за трофеи. Фабо Капело ја продолжи трацидијата со освојување на неколку Скудета, но „црн облак“ се насобра над клубот, откако Јувентус беше исфрлен во втората лига во Италија поради скандалот со местење натпревари. Титулата од сезоната 2004/05 засега останува одземена од Јувентус, бидејќи формално беше доделена на Интер.

Откако се вратија во Серија А во сезоната 2007/08,  беа потребни четири сезони за Јувентус повторно да биде на врвот во Италија. Со Антонио Конте како тренер, „старата дама“ направи историски успех откако го освоија шампионатот без ниту еден пораз. Конте донесе уште две тилути во следните две сезони, а Максимилијано Алегри продолжи со одличната работа и успеа да ја продолжи серијата од шест последователни освоени првенства. Со италијанскиот стратег Јувентус стигна и до две финалиња во ЛШ, но во два наврати беа поразени од шпанските гиганти, Барселона во 2015, и Реал Мадрид минатата сезона.

Сега Јувентус брои вкупно 33 титули во Серија А, 13 трофеи на Копа Италија, како и двата европски пехари од Лигата на шампиони.

https://twitter.com/juventusfcen/status/925497911315763202

Се вчитува...