Поранешниот селектор на Англија, кој последен пат беше на кормилото на Кристал Палас, Сем Алардајс, би можел да биде нов менаџер на Евертон. Медиумите на Островот најавуваат дека тој во текот на денешниот ден треба да им разговори со раководството на Евертон, но ќе се нафати на функцијата само доколку добие долгорочен договор со клубот.
Евертон би сакал да го именува Алардајс до крајот на сезоната, со опција за понатамошно продолжување на соработката, но тоа сепак не е во плановите и на Алардајс, кој се споменуваше и како можен кандидат за селекторската функција на САД. По заминувањето на Роналд Куман, менаџерското столче во Евертон остана празно, а раководството се обидува да го пополни со нов квалитетен стратег што е можно побрзо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА