Голден стејт уште еднаш ја демонстрираше својата моќ триумфирајќи на гостувањето против ЛА клиперс, тим што барем на хартија би требало да биде еден од главните ривали на „воините“ во Западната конференција. Тоа беше само мотив повеќе за Кари, Дурант и останатите шампиони да ги демолираат клиперси среде Лос Анџелес, постигнувјќи 141 поен (113-141). Со тоа Голден стејт продолжува да му набива комплекс на овој противник, кого го победува веќе 12. пат во низа. Стеф Кари повторно беше најефикасен со 31 поен, Дурант постигна 19, а Дрејмонд Грин 16 поени за актуелниот шампион.
Бостон ја прекина сопствената серија од слаби резултати против Сан Антонио, триумфирајќи над спарси со 108-94, по 11-те претходни победи во низа на Сан Антонио во дуелите на овие две екипи. Кајри Ирвинг беше прв стрелец со 24 поени, но моа да се истакне дека кај „спарси“ недостигаа Леонард, Паркер и Џинобили.
Летонецот Порзингис имаше вечер за паметење на дуелот Њујорк – Денвер, носејќи му ја на домашниот тим победата од 116-110. Летонскиот репрезентативец постигна рекордни за него 38 поени во кариерата, надополнети со седум скока, три блокади и две асистенции.
Резултати НБА:
Бостон – Сан Антонио 108-94, Мајами – Минесота 122-125 (по прод.), Њујорк – Денвер 116-110, Хјустон – Филаделфија 107-115, Мемфис – Шарлот 99-104, Њу Орлеанс – Орландо 99-115, Јута – Далас 104-89, Портланд – Торонто 85-99, ЛА клиперс – Голден стејт 113-141.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА