Англискиот клуб Тотенхем изрече доживотни казни за двајца навивачи кои фрлаа чаши со урина врз претставниците на Вест хем во градското дерби во рамките од Карабао купот на Англија. Имено, управата на клубот одлучи доживотно да им забрани влез на нивниот стадион.
На полицијата и „петлите“ им беше олеснета работата знаејќи дека на интернет се појави снимка на која јасно се приметуваат кои се тие луѓе, па по брза постапка беа идентификувани и казнети.
Натпреварот помеѓу Тотенхем и Вест хем се одигра минатата недела на кој „чеканите“ славеа со 3-2, иако Тотенхем имаше предност од два гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА