Српскиот стратег, Славољуб Муслин повеќе не е селектор на репрезентацијата на Србија, соопшти српската фудбалска федерација. На негово место ќе застане Младен Крстајиќ, кој ќе ја води селекцијата во пријателските натпревари кои претставуваат подготовки за Светското првенство во Русија.
„Фудбалската федерација на Србија одржа состанок на кој го решија прашањето околу селекторот на Србија. Славољуб Муслин повеќе нема да ја води А селекцијата, додека на негово место ќе застане поранешниот репрезентативец, Младен Крстајиќ. На господинот Муслин му остануваме благодарни за успехот кој го оствари на квалификациите за СП.
Поранешниот репрезентативец и член на стручниот штаб во репрезентацијата, Младен Крстајиќ ќе ја води сениорската селекција во следните два пријателски натпревари против Кина и Јужна Кореа“, стои во соопштението на ФФС.
Репрезентацијата на Србија под водство на Муслин оствари шест победи, три реми и еден пораз од вкупно десет натревари во квалификацискиот циклус, и како првопласирана селекција во својата група обезбеди пласман во групната фаза за СП во Русија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА