Хамилтон е шампион во Ф1, судир со Фетел во првиот круг во Мексико

Луис Хамилтон ќе ја освои четвртата титула светски шампион во Формула 1, без оглед на слабиот пласман на трката за Големата Награда на Мексико. Макс Ферстапен стигна до својата трета победа во кариерата, но она што е најзначајно по денешната трка е што Хамилтон и дефинитивно се закити со титулата, откако Себатијан Фетел не се вмеша во битката за победа, па Германецот нема никакви шанси на последните трки да ја стигне нефативата во однос на британскиот возач.

start meksiko

Трката почна максимално драматично, Ферстапен веднаш го мина лидерот Фетел, кој пак во вториот свиок имаше судир со Луис Хамилтон. Британецот се пожали на дупната гума и кога се врати на патеката беше последен, но од судирот настрада и болидот на Фетел, кој мораше да замине во „бокс“ и загуби драгоцено време. Германецот по враќањето на патеката ги минуваше еден по еден ривалите, но не успеа да стигне до место на подиумот, што ќе значеше останување во игра за титулата во генералниот пласман. Тој на крајот мораше да се задоволи само со четвртото место, па Хамилтон без оглед на својот пласман на деветтата позиција има недостижна предност во однос на Германецот.

Што се однесува до денешната трка, на неа победи Ферстапен во болидот на Ред бул, пред Валтери Ботас во Мерцедес, Кими Раиконен и Фетел во Ферари, па Окон, Строл, Перез, Магнусен, Хамилтон и Алонсо.

  

Се вчитува...