МЗТ Скопје ионака има минимални шанси за сензација во Белград против Црвена звезда, но истите се сведоа на теорија откако беше обелоденето дека Немања Дангубиќ својот прв меч по повредата ќе го има токму против македонскиот првак.
Тоа го откри тренерот на „црвено-белите“, Душан Алампијевиќ, потенцирајќи дека неговиот тим сигурно нема да го потцени МЗТ Скопје.
„Прв противник пред нас е МЗТ, кој пред неколку дена го промени Американецот Џенсен со Радосав Спасојевиќ. Со таа промена јасно покажа дека има амбиции, станува збор за стабилна екипа и мораме да пристапиме во утрешниот натпревар максимално сериозно. За нас одлична вест е што добиваме големо засилување во Немања Дангубиќ, кој несомнено е исклучително важен играч во нашиот тим. Ги повикувам навивачите да дојдат во салата „Александар Николиќ“ и да бидат со нас бидејќи не е сеедно дали играме пред полни или празни трибини“ – изјави Алампијевиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА