Беневенто дефинитивно нема квалитет да биде дел од Серија А, откако новиот прволигаш во десеттото коло го претрпе и својот десетти пораз, овојпат на домашен терен од Лацио со убедливи 1-5.
Римскиот клуб ја потврди одличната форма во која се наоѓа лесно кршејќи го отпорот на потпросечниот домаќин, поведувајќи со 0-3 за само 24 минута игра, со головите на Бастос, Имобиле и Марушиќ. На стартот од вториот дел домаќините намалија преку Лазар, пред Пароло и Нани да стават точка на овој натпревар.
За Лацио ова беше шеста победа во низа, со што римјаните го одржуваат чекорот со Јувентус и веќе собраа 28 бода, исто колку и актуелниот првак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА