Манчестер сити игра извонредно оваа сезона, што е причина Пеп Гвардиола да им порача на своите газди воопшто да не преговараат со Арсенал за јануарски трансфер на Алексис Санчез. Не е никаква тајна дека Гвардиола сака да го види Чилеанецот во дресот на „граѓаните“, но каталонскиот стратег се уште е бесен на Арсенал поради пропаднатиот трансфер во последниот ден од летниот преоден рок.
Во ситуација кога тимот му функционира беспрекорно тој нема намера да се впушта во нови преговори со Арсенал, особено во ситуација кога Алексис следното лето ќе биде достапен без никаква отштета. Арсенал во меѓувреме ја спушти цената од 60 на само 20 милиони фунти, но „граѓаните“ се убедени дека договорот за личните услови што го имаат со Санчез ќе им овозможи да го доведат овој играч како суперзасилување без да му платат никаква отштета на Арсенал следното лето.
Наместо да заработи лондонскиот клуб, дел од парите би отишле на сметката на чилеанскиот офанзивец, кој би добил околу 15 милиони фунти за самиот потпис на договорот, плус плата од 300.000 фунти неделно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА