Бекот на Оклахома сити, Расел Вестбрук си се запиша повторно во историјата на НБА лигата по уште еден параметар. Вестбрук стана првиот кошаркар во историјата кој запишал „трипл-дабл“ против секоја екипа од НБА лигата.
До 28. октомври оваа година му одолеваа само Чикаго, за да конечно синоќа и против нив си запиша „рецка“. Вестбрук запиша 12 поени, и по 13 скока и асистенции, во победата на Оклахома над Чикаго од 101-69.
„Оствари еден и против нас (Оклахома) на тренинг, па сега ги има буквално сите“ – се пошегува и Кармело Ентони.
За Расел Вестбрук ова беше 82-от „трипл-дабл“ во кариерата, а минатата сезона го собори рекордот со 42 и стана само трет кошаркар во историјата со „трипл-дабл“ просек во текот на цела сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА