Италијанскиот мотоциклист Андреа Довициозо триумфираше за Големата награда на Малезија во Сепанг, во претпоследната трка од Мото ГП шампионатот.
Водечкиот во генералниот пласман Марк Маркез се мачеше со својата Хонда на влажната патека, па трката ја заврши дури на четвртото место. На тој начин одлуката за шампионот за 2017 година ќе биде донесене за две недели во Валенсија, затоа што Маркез има 21 поен повеќе од Довициозо, а победникот на една трка освојува, како што е познато, по 25 поени.
Довициозо до најважната победа во кариерата стигна благодарение на грешката на својот тимски колега Хорхе Лоренцо, кој за малку ќе паднеше на пет круга пред крајот.
Италијанецот, како и да е, победува во Сепанг втора година по ред, шести пат сезонава на Дукати, а 17-ти пат во кариерата. Лоренцо низ целта помина како второпласиран, а на третата позиција заврши Жоан Зарко на Јамаха.
На Маркез за освојување на титулата, шеста во кариерата, во Валенсија за две недели ќе му биде неопходно да биде барем дванаесетти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА