Кошаркарите на Њу Орлеанс одиграа одличен натпревари победувајќи против Кливленд со 101-123 во еден од синоќешните дуели од НБА лигата.
Кливленд ја носеше фаворитската улога пред мечот, но Њу Орлеанс одигра неверојатна прва четвртина во која јасно ја демонстрираа желбата за триумф. По првото полувреме Кливленд имаше негатива и од 13 поени (52-65), потоа малку се врати во игра но недоволно за до крајот да успее да стигне до пресврт.
Дејвис, кој се врати по повредата, беше одличен со 30 поени и 14 скока, а Казинс постигна 29 поени, дополнети и со 12 скока и 10 асистенции. Кливленд беше предводен од Кевин Лав со 26 поени и Леброн Џејмс со 18 поени.
Филаделфија во неизвесен натпревар славеше против Далас со 112-110. Победничкиот тим го предводена Џоле Ембид и Бен Симонс со по 23 поени, додека најдобар поединец кај Далас беше Харисон Барнс со 25 постигнати поени.
Јута запиша победа против ЛА Лејкерс од 81-96. Рубио ја предводеше Јута до триумфот, со 21 поен, додека кај Лејкерси најдобар беше Брендон Инграм со 16 поени.
Оклахома без поголеми проблеми славеше против Чикаго со 69-101, додека Мемфис беше подобар од Хјустон со 103-89. Бостон очекувано победи со 90-96 на гостувањето против Мајами. Детроит славеше на гостувањето против ЛА Клиперс со 87-95.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА