Барселона ја продолжи импресивната серија резултати од стартот на сезонава, во десеттото коло од Примера дивизион бележејќи ја деветтата победа, овојпат на „жешкиот терен“ во Баскија против Атлетик Билбао со резултат 0-2.
Адуриз ја имаше првата стопроцентна шанса за гол, но Тер Штеген одлично го запре неговиот шут, спречувајќи водство на домашниот тим. Меси промаши една стопроцентна шанса во 21. минута, но Аргентинецот не греши два пати, па нешто подоцна го постигна водечкиот погодок на асистенција на Алба.
Атлетик беше подобар тим во голем дел од второто полувреме, создаде и неколку убави шанси, но Тер Штеген имаше своја вечер и не дозволи да биде совладан. Конечните 0-2 во судиското продолжение ги постави Паулињо, по контранападот што го организираше Меси и одбиената топка по ударот на Луис Суарез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА