Себастијан Фетел дефинитивно е решен да не се откаже до самиот крај од трката за титулата во Формула 1 шампионатот. Иако шансите му се сведени на теорија, Германецот денеска возеше извонредно на официјалните квалификации за ГН на Мексико, па сосема заслужено утрешната трка ќе ја почне од пол-позицијата.
За Фетел ова ќе биде јубилејна 50. пол-позиција во неговата кариера, веднаш до него ќе стартува Ферстапен во Ред Бул, додека лидерот Луис Хамилтон утрешната трка ќе ја почне од третото место, пред својот тимски колега Валтери Ботас и Кими Раиконен.
Хамилтон има удобна предност на врвот на табелата во генералниот пласман со 331 бод, пред Фетел со 265 и Валтери Ботас со 244 бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА