Хамбургер загуби од Херта со 2-1 на гостувањето во Берлин, но сега го има во своите редови најмладиот фудбалер што постигнал гол во историјата на Бундес-лигата. Еден од најголемите таленти на германскиот фудбал, кој играше за селекцијата на Германија до 17 години на минатото Европско првенство, Јан-Фјете Арп, стана првиот играч роден во овој век, кој успеал да постигне гол во германското првенство.
Во својот втор настап за сениорскиот тим на Хамбургер, Арп во 73.минута успеа да ја затресе мрежата на Херта. Ова е уште еден доказ дека пред него е светла иднина…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА