Оклахома сити тандер значително се засили во текот на летово, но очигледно е дека на овој тим ќе му треба уште време за воигрување откако претрпе нов пораз, овојпат на гостувањето во Минеаполис со резултат 119-116. Враќањето на Џими Батлер во таборот на Минесота беше клучен фактор за домашната екипа, која ја прекина серијата од два порази со извонредна игра во нападот. Тој постигна 13 од своите 25 поени токму во четвртата четвртина, а најефикасен кај Минесота беше Таунс, кој го заврши натпреварот со 33 поени и 19 скокови. Расел Весбтрук реализираше 27 поени, 9 асистенции и 8 скока за Оклахома, додека Кармело Ентони постигна 23 поени за поразениот тим.
„Жешко“ беше на дуелот меѓу Голден стејт и Вашингтон, што актуелните шампиони го добија со 120-117 со пресврт по големата тепачка во финишот од втората четвртина. Вашингтон имаше предност од 50-64 по пресметката меѓу Бредли Бил и Дрејмонд Грин, по која и двајцата кошаркари беа исклучен.и, за „воините“ потоа да ја преземат контролата над играта и со одличната последна четвртина (33-20) да стигнат до победата. Дурант со 31 поен беше најдобар стрелец кај актуелниот првак, Кари постигна 20, додека прв играч на Вашингтон при тесниот пораз беше Портер џуниор со 29 поени и 10 скокови.
Резултати НБА:
ЛА лејкерс – Торонто 92-101, Голден стејт – Вашингтон 120-117, Минесота – Оклахома сити 119-116, Њујорк – Бруклин 107-86, Шарлот – Хјустон 93-109, Орландо – Сан Антонио 114-87.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА